Пеп не можеше да поверува што гледа: Сити не реализираше неверојатна шанса за победа во 98. минута

Некои шанси и голови понекогаш имаат посебна тежина и имаат големо значење во битките за титулата, а такво нешто видовме вчеравечер на „Итихад“ во самата завршница од мечот меѓу Манчестер Сити и Нотигем Форест. Фаворитот двапати беше во водство и се чинеше дека е на добар пат да ги скрши жилавите „шумари“, но гостите успеаја да се вратат, па на крајот да расчистат и топка која речиси сите ја видоа во голот.