Песна како молитва: „Ангелски здив“ посветена на младите ангели од Кочани

Со силна емоција, искрена почит и длабока човечка болка, излезе новата песна „Ангелски здив“, во изведба на Мето Ди Флеш и Ана Петановска, заедно со Angels Team. Ова музичко дело е посветено на младите животи кои трагично згаснаа во Кочани пред една година – спомен кој и денес силно одекнува во срцата на нивните најблиски, но и на целата македонска јавност.