Езерото „Козјак“ добива крв црвена боја – сепак не станува збор за загадување, туку за „чудо“ на природата
Во пролетниот период, водата на езерото Козјак понекогаш добива црвеникава нијанса, што кај посетителите создава впечаток дека езерото „крвари“. Сепак, станува збор за природен феномен, а не за загадување. Причината најчесто е зголеменото присуство на микроскопски алги и фитопланктон, кои под одредени услови масовно се размножуваат. Во пролет, со порастот на температурите, поголемото количество сончева светлина и зголемениот доток на хранливи материи од околината, се создаваат идеални услови за т.н. „цветање“ на водата. Некои видови алги содржат пигменти со црвеникава или кафеаво-црвена боја, што ја менува визуелната перцепција на водата.