Десет години од катастрофалните поплави во Скопско: во невремето загинаа 22 лица

Денеска се навршуваат десет години од катастрофалните поплави во Стајковци и околните села и Сингелиќ. Во незапамтеното невреме и катастрофалната поплава беа евакуирани илјадници граѓани, а животот го загубија 22 лица. Најмладата жртва помеѓу загинатите е двегодишно дете од село Стајковци.