Драматична снимка од пожарот во Хрватска: Унгарско семејство го снимило бегството од „пеколот“

Драматично бегство на туристи и мештани. За сериозноста на ситуацијата сведочат и снимките од унгарско семејство кое бега од Локва Рогозница со автомобил. Двојката, нивното тригодишно дете и нивната баба штотуку пристигнале на одмор тој ден, но набрзо се нашле во колона кога се приближувал пожарот. „Не, не, не можеме да поминеме оттука. Не, не, не, не! Ќе налетаат на нас“, се слушаат врисоци на снимките од автомобилот.