И ова е Лига на шампиони! Европа им се смее на сцените и на голот од натпреварот во елитното фудбалско натпреварување …

Голот од натпреварот во Лигата на шампионите во Азербејџан привлече големо внимание. Екипата од Баку стигна до триумфот со головите на Кахум Парис во 49. и Џој Ланс Микел во 88. минута од натпреварот. Вториот погодок на овој меч е прилично комичен. Најпрво голманот на Славија реагираше лошо и го остави голот целосно празен, а потоа Давид Мозес, фудбалерот на гостите, реагираше катастрофално пред голот на својот тим. Моментот е на 9:50 минута од видеото.