На вчерашната свечена вечера во чест на грчкиот колега, српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ му запеал песна на грчки јазик. Грчкиот министер Коѕијас имал и посебна музичка желба. Тој ја побарал „Тамо далеко“ и рекол дека тоа е најубавата песна на светот.