Антиќ посочи кои навивачи му се во срцето и заигра оро

Cool EuroLeague“ е ЈУТУБ канал на Евролигата и секогаш претставува кошаркари на различна тема. Овој пат дојде ред на Перо Антиќ кој го објасни целиот концепт и ривалството меѓу Црвена Звезда и Партизан која предизвика голем интерес кај водителот. – Да бидам искрено многу е различно од НБА.Кога има натпревар меѓу Звезда и Партизан, тоа е комплицирано малку, како воена зона. И плус е опасно. Можеби не е како во Турција или Грција, каде што нема дозвола навивачите на двата клуба да се во иста сала заедно. Во Србија сепак тоа е дозволено, а да бидам искрен уживам да играм во таква атмосфера. Тоа како да ми дава дополнителна мотивација. Тоа е нешто најубаво да се игра во таква атмосфера и не верувам да има играч кој не би бил мотивиран да се натпреварува во таква атмосфера, – изјави Антиќ.