360: Постои ли ниво на амнестија што може да биде општествено прифатливо?

ВМРО-ДПМНЕ со месеци го најававуваше, а сега и го поднесе предлог законот за амнестија за настаните од 27 април. Сепак, власта експресно го одби тој предлог. И покрај тоа, предлогот на опозицијата не е без значење бидејќи доаѓа во период кога премиерот Зоран Заев почна да говори за „помирување“. Сепак, има разлика меѓу амнестија и помирување.