Руско летало кое е убиец на непријателски дронови

Неодамна на интернет се појави видео кое прикажува дрон во лет опремен со пушка, што во еден момент соборува друго беспилотно летало. Станува збор за мал дрон чија намена е да елиминира непријателски летала. Неговиот развој почнал во 2016 година, а конструиран е од страна на група студенти од Институтот за авијација во Москва.