Неодамна на интернет се појави видео кое прикажува дрон во лет опремен со пушка, што во еден момент соборува друго беспилотно летало. Станува збор за мал дрон чија намена е да елиминира непријателски летала. Неговиот развој почнал во 2016 година, а конструиран е од страна на група студенти од Институтот за авијација во Москва.