Пред точно седум години Златан Ибрахимовиќ го постигна можеби најубавиот гол во историјата на фудбалот

Неповторливиот Златан Ибрахимовиќ, на денешен ден пред точно седум години го постигна својот најубав гол во кариерата и со сигурност претендент за најубав гол на сите времиња. На средбата против репрезентацијата на Англија, Шведска победи со 4:2 во Стокхолм, а стрелец на сите погодоци беше токму Златан Ибрахимовиќ.