Заев: Укинувањето на Договорот од Преспа е опасност за државата

„Како што се наближуваат изборите, сегашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ продолжува да заговара опасни идеи за укинување или поништување на Договорот од Преспа. ВМРО-ДПМНЕ сака да го укинува Договорот кој не донесе до полноправно членство во НАТО и на чекор до започнување на преговорите со ЕУ“, изјави на прес-конференција Зоран Заев, претседател на СДСМ.