Се продава „нов“ Голф 1

Дури и ден денес на македонските улици може да се забележи Голф 1, модел на Фолксваген кој има култен статус ширум светот. Првата генерација на Голф во земјава може да се најде на огласите и за 350 евра, но за споменатиот примерок кој го нуди “Silverstone Auctions” сигурно ќе треба да се издвои мало богатство. Имено, станува збор за модел произведен во 1980-та година, а има поминато само илјада километри. Автомобилот е совршено сочуван, а кон средината на јануари ќе биде ставен на аукција.