Златан го реши дербито, па му држеше и лекции на Круниќ на босански јазик по крајот на мечот

Додека се поздравуваа сите играчи на Милан за првата дерби победа после подолга пауза, на крајот од видеото се слуша конверзацијата меѓу Ибра и Круниќ на босански, јазик кој Златан добро го владее со оглед на тоа што има корени од оваа земја. – Падни доле, падни доле, – му порачува Ибра на Круниќ, по што овој му возврати. – Сакав да паднам брате…..