Барди со прва реакција откако постигна гол од слободен удар по 2 години и 3 месеци: Ова не беше случајно

– Го посветувам овој гол на моето семејство. Не размислував многу за тоа, но навистина долго време немав постигнато гол од слободен удар. Ова не беше случајно, го анализиравме. Со стручниот штаб и соиграчите воочивме дека оставаат многу простор при вакви прекини и ми помогнаа при изборот на удар, – порача Барди кој го постигна првиот гол од слободен удар во Шпанија по пауза од 2 години и 3 месеци.