Убавина: Џос Стоун и Тања Царовска заедно ја пеат „Ој, Јано, Јано“

Британската музичарка Џос Стоун ја изненади публиката со изведба на уште една македонска песна. Овој пат се работи за народната „Ој, Јано, Јано“, а ја изведува во друштво на нашата Тања Царовска. И нема потреба од дополнително објаснување, бидејќи нивните гласови и убавата мелодија на познатата народна песна, овој пат во една малку изменета, но фантастична верзија, говорат повеќе од сите зборови.