(Епизода 9) „Дали сте знаеле дека“ - со Жарко Димоски: „На една претстава ми се скрши рачката од метлата и одлета кај еден господин од публика“

Жаре нѝ откри многу непознати факти за неговиот живот, а ние ги издвоивме оние најинтересните. Вели дека готвењето му е силна страна, но никогаш не пробал суши. Освен во Прилеп, паралелно патувал и во Хрватска, Ровињ, па за Точка открива дека добар дел од животот го изградил таму. 3 години живеел во студентски дом, првото работно искуство му било на 12 години... Со нас сподели и едно непријатно искуство од претстава, кое за среќа поминало без последици.