„Huber Era“: „Lamborghini“ кое го одзема здивот

Неодамна претставениот „Aventador Ultimae“ означи крај на една ера: последниот „Aventador“ во 10 години производство и последниот „Aventador“ кој користи V12 мотор за погон. Пред вас е автомобил кој му оддава почит на тоа наследство и кој од таа причина го носи името „Era“, заедно со името на компанијата „Huber“ која стои зад сето тоа. Фабио Ламборџини, внук на Феручи Ламборџини присуствувал на откривањето на „Huber Era“ на посебен настан во Велика Британија, одржан во Роунибери Хаус во Хертфордшајр.