Австралиец на возраст од 43 години брутално претепал полицајка во сиднејското предградие Бенкстаун додека таа се обидувала да го натера да оди дома поради строгите мерки.Полицијата соопштила дека 43-годишниот маж е уапсен поради сомнение дека нападнал две полицајки, а потоа, по приведувањето го нападнал и нивниот колега. Полицајците биле пренесени во болница на прегледи.