На аеродромот во Кабул слетал првиот меѓународен патнички авион: Во леталото имало повеќе екипаж од патници

Авионот на пакистанската компанија "PIA" денеска слетал на кабулскиот аеродром и тоа е првото меѓународно патничко летало кое пристигнало во Авганистан од 15-ти август, кога талибанците ја преземале власта во таа држава. Авионот од Исламабад слетал во околу 10:30 часот по локално време на аеродромот во Кабул, а пренесувал неколку патници. "Во авионот имаше десетина луѓе, можеби имаше повеќе членови на екипажот отколку патници", кажано е за агенцијата "France Presse".