Рено се пошегува со Тесла: Има такви кои даваат големи најави и такви кои веќе поминуваат километри

„Tesla“ веќе со години има пракса далеку однапред да ги најави новите модели. Така „Semi“ и „Cybertruck“ се најавено одамна, исто како и „Roadster“ кој отиде во вселената, но не се појави на улиците. Притоа, погодувате, ниеден од споменатите модели не дојде до сериско производство. Токму тој факт „Renault“ одлучи да го искористи за малку да се пошегува со американскиот произведувач.