Лука со трик-шутот стана вирален хит: Маестро Дончиќ погоди со рамо

Дончиќ е вистински виртуоз кога ја има кошаркарската топка во раце, но рано утрово покажа дека може да погоди во целта и со рамо. Трик-шутот на Лука од загревањето стана вирален хит на социјалните мрежи, пред се и поради тоа што беше споделен од страна на официјалниот профил на НБА лигата.