НБА Топ 10: Тројка над Леброн за победа на Индијана, страшно забивање на Сабонис

Десет натпревари се одиграа во НБА лигата, а најнеизвесно беше во Лос Анџелес каде Лејкерс со звукот на сирената доживеа шокантен пораз од Индија Пејсерс. Поразот е шокантен затоа што „езерџиите“ водеа и со 17 разлика во четвртата четвртина, ама и тоа не им беше против упорните гости од Индијанаполис кои го „попарија“ домаќинот со тројка со звукот на сирената која беше дело на Нембхард. Токму овој кош е потег на денот во НБА лигата. Уживајте во оваа Топ листа.