Атракции кои можат да се видат само во НБА: Најмоќните забивања на неделата

НБА е најдобрата, најквалитетната лига на светот, а една од работите што ја прави да биде посебна се забивањата и атракциите кои едноставно можат да се видат само на терените во Соединетите Американски Држави и Канада. Секој меч нуди мајстории од ваков тип за сите пари, па кога имаме компилација, експлозија по експлозија од вакви потези тогаш тоа е нешто што не може да се пропушти кога се во прашање вистинските љубители на кошарката.