Јутјубер купил Ферари од 400.000 долари само за да го уништи, а причината е бизарна

Еден Јутјубер купил Ферари само за да го уништи, а паралелно и ја тестирал оваа компанија, со оглед на тоа што е многу заштитнички настроена кон своите возила, дури и откако ќе им се врачат на новите сопственици. Ова младо момче решило сериозно да ја тестира компанијата Ферари, со оглед на тоа што се „изживувал“ над моделот „F8 Tributo“. Како што кажува и самиот назив на видеото, „Купив Ферари за 400.000 долари само за да го уништам“, Јутјуберот се однесувал исклучително сурово кон автомобилот.