Ги конструираше најдобрите спортски автомобили, а сега открива кои модели ги поседува во својата гаража

Гордон Мареј пронаоѓа инспирација во класиците, а многу од нив доаѓаат од Италија. Ретки се новите автомобили на кои овој славен инженер се воодушевува. Можат да се избројат на прсти на една рака, но тука секако се вбројува и „Alpine“. Меѓутоа, во неговата колекција се некои сосема други автомобили, повеќето од 60-те години.