Лазаров и Латас влегоа во судница, но се одложи рочиштето, каде што им се суди бидејќи промовирале насилство кон жени

Јутуберот Стефан Лазаров и новинарот Драган Павловиќ-Латас седнаа на обвинителна клупа поради интервјуто преку кое, според Обвинителството, се промовирало насилство кон жени. Рочиштето се одложи оти адвокатката на Латас имала друго рочиште на кое требало да присуствува, а каде што се испитувале сведоци. Судијката Дијана Груевска-Илиевска посочи дека следен пат, ако таа не биде тука, рочиштето нема да се одложи.