Настапот на „Златна Бубамара“ кој предизвика најмногу емоции во Македонија

Во салата „Борис Трајковски“, на 16 март се одржа најновото 26-то издание на познатата манифестација „Златна Бубамара на популарноста”. Со сигурност може да се каже дека најдраматичниот момент на манифестацијата, беше интерпретацијата на песната „Ми заплакало селото Ваташа“ на Андријана Јаневска, проследена со стиховите на песната „Цветови“, која ја рецитираше Џамбазов.