Анимација покажува 100 милиони години историја на Земјата

Во нов труд објавен во списанието Science, се појави анимација која ја прикажува еволуцијата на Земјата. Анимацијата е создадена со помош на нов модел, кој прикажува над 100 милиони години историја на нашата планета, вклучително и топографски промени – создавање на океани и планини и активности предизвикани од ерозија.