Рита Ора воодушеви со настапот на Евровизија: Пејачката во центар на вниманието поради атрактивниот стајлинг

Британската пејачка Рита Ора е жена која привлекува внимание каде и да се појави, а тоа е во главно благодарение на нејзиното убаво лице и ексцентричниот моден стил. Енергичната 32-годишна пејачка вчеравечер настапи пред полната Ливерпул арена и со тоа ги засени натпреварувачите на овогодишната Евровизија. Во текот на настапот, Рита изведе микс од повеќето свои хитови и со тоа го најави третиот албум, а на сцената ѝ се придружи и танчарка од Украина.