Кога влегов во затворот, цимерите мислеа дека е скриена камера: Искрено со Ламбе Алабаковски

Некогашната тинејџерска ѕвезда Ламбе Алабаковски денес е сериозен маж, татко и сопруг. По седум години живеење во Детроит, тој со сопругата Магдалена и двата сина се врати во Македонија. „Ние сме од ретките што се вратиле. И порано ќе си дојдевме да не беше пандемијата. Во Детроит работев сешто, бев обезбедување на аеродром, возев 'убер', но јас и тука искрено би работел сè“, открива Ламбе и додава: „Најголемата причина поради која се вративме беше тоа што не можев да се помирам децата да учат на туѓ, а не на својот мајчин јазик“, открива Алабаковски во интервјуто за „Репортер“.