Кавани си го исполни сонот и доживеа страшен пречек на „Бомбонера“

Единсон Кавани стави крај на својата долга авантура во Европа откако спогодбено го раскина договорот со Валенсија, а само неколку часа по разделбата со шпанскиот клуб, Уругваецот веќе си договори нов ангажман. После долги години, Еди си го оствари животниот сон и потпиша договор со Бока Јуниорс, клуб во кој ќе ги мине наредните 18 месеци како најголема ѕвезда во тимот. Единсон доживеа спектакуларен пречек на „Ла Бомбонера“ и илјадници фанови му посакаа добредојде во клубот, што е јасен сигнал дека новата „десетка“ предизвика голема еуфорија во Буенос Аирес.