Фудбалерот Мауро Икарди го купи најскапиот автомобил на светот за 26 милиони евра

Фудбалерот на Галатасарај, Мауро Икарди го купи најскапиот автомобил на светот за 26 милиони евра. Станува збор за Rolls Royce „Boat Tail“, кој е направен во само три примероци. Наводно, еден од преостанатите двајца е во сопственост на Џеј Зи и Бијонсе. Третиот примерок е во сопственост на бизнисмен кој продава бисери.