Пациентка од Онкологија уценувана од аптекар од болницата: Ѝ барал по 100 евра за да ѝ обезбеди терапија која ѝ следувала

Минка Беизоска е пациентка на Онкологија од минатата година, но денеска таа наместо во болницата, се појавила во Кривичниот суд каде ѝ било закажано првото рочиште поради тужба кон аптекарот од болницата, кој ѝ барал мито за да ѝ обезбеди биолошка терапија за болеста.