„Со дијагноза анемија, мајката на поранешниот економски директор на Онкологија била водена како болна од рак” – интервју со Мулачка, новинарката која ја разоткриваше Онкологијa

Се започна пред 6-7 месеци, по разговор со неколку вработени на Клиниката за онкологија, на кои најверојатно им дошло преку глава она што се случувало таму, раскажува во интервју за „Макфакс“, Ирена Мулачка, авторката на текстовите за скандалот со Онкологија.