Паризер, мајонез и два литра јогурт – Вучиќ со министри правеше сендвичи за појадок што одеше во живо

Српскиот претседател Александар Вучиќ ги испрати министрите Томислав Момировиќ и Синиша Мали во продавница по намирници за појадок од оние кои од денеска се продаваат по намалени цени во Србија во рамки на акцијата „Подобра цена“. Момировиќ и Мали купија половина килограм „паризер“, два литра јогурт, два леба и мајонез и направија сендвичи во кабинетот на Вучиќ, а оброкот одеше во живо на социјалните мрежи.