Одбра еден од 821: Меси откри кој гол ќе го памети до крајот на животот

Откако беше прогласен за победник на свечената церемонија во Париз, Меси одработи неколку интервјуа, имаше соочување со медиумите, а при едно од нив доби шанса да откри кој е негов омилен гол во кариерата во која досега има постигнато преку 800 погодоци (821). Тој ја избра мајсторијата од 2011 година од пресметката со Реал Мадрид во Лигата на шампионите.