„Портал икс” објави снимки од возилата со кои била грабната Вања

„Портал икс” вчера на својата страна на "Facebook" објави снимки на кои, како што тврди, се гледа движењето на возилата „Citroen“ и „Renault Kangoo“ со коишто беше киднапирана 14-годишната Вања. Од времето прикажано на снимкките може да се види дека на 27 ноември 2023 г. во 7:55 часот двете возила со кои е извршено грабнувањето и убиството на Вања поминуваат на улицата број еден во населбата Визбегово.