Некој го направи Windows 7 каков што го заслужуваме

Многу фанови на Мајкрософт сè уште не можат да го прежалат Windows 7, односно сметаат дека е најдобриот оперативен систем што оваа компанија го има произведено. Еден фан направи т.н „концептуален“ Windows 7 2024 за да си олесни малку, а на платформата YouTube објави како изгледа сето тоа.