Кој автомобилски модел е најпопуларен помеѓу фудбалерите на Баерн Минхен?

Точка

12/10/2017

12:56

1.396

Големина на фонт

а а а

Како и секоја година, спонзорот на фудбалскиот клуб од Минхен, Audi, им понуди на играчите да одберат по еден автомобил од гамата кој ќе го возат во наредните 12 месеци.

Оваа традиција трае уште од 2002 година, а фудбалерите на Баерн имаат прилика во текот на сезоната 2017/2018 да го возат својот омилен модел на марката Audi. 

Како и претходната година, така и овој пат најголем број од нив одлучиле да го користат моделот RS6 Avant кој во себе ја спојува практичноста на караванот, со брзина и возни карактеристики на “атлет” од 4 тркала.


Audi RS6 Avant следната година ќе биде службен автомобил на играчите на Баерн меѓу кои се Матс Хумелс, Џером Боатенг и Тијаго Алкантара.

Овој автомобил е опремен со 4.0 V8 TFSI мотор кој испорачува дури 560 коњски сили. Благодарение на моќниот агрегат, автомобилот е во состојба да забрзува од 0 до 100 км/ч во рок од 3,9 секунди.


Второто место по популарност го зазема големиот Audi SUV Q7, во разни верзии вклучувајќи го и моќниот SQ7 TDI.

Зад воланот на овој модел во следните 12 месеци помеѓу останатите ќе бидат и Милер и Франк Рибери.


Погледнете како изгледаше свеченоста на која фудбалерите се дружеа со своите фанови:



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk