Северина проговори за својот филм за возрасни којшто го „здрма“ регионот: „Најлошо беше како тој ќе реагира, на мајка ми подоцна помислив“

Супермен

07/05/2024

11:07

13.398

Големина на фонт

а а а

Пејачката Северина проговорела за „оној“ филм којшто се појавил во јавноста и којшто го „раздрмал“ цел регион.

Северина во 2004 година се нашла во центар на регионален скандал кога во јавноста се појавило видеото од јахта, а кaко што во една прилика изјавила таа била убедена дека тој филм никој не го гледал.


За пејачката тогаш зборувале сите, а таа добила поддршка од бројни колеги и пријатели. Сега, говорејќи за своите 30-ти Северина повторно се осврнала на него.

Пејачката порачала дека почетокот на 30-тите не бил нималку лесен, како и дека не ѝ останале во убаво сеќавање:

„Таман ја завршив турнејата „Вирујен у те“, но почетокот на моите 30-ти го одбележаа тој филм. Најлошо ми беше тоа како мојот класен од средно училиште, како моите професори ќе реагираат. Дури подоцна помислив на мајка ми затоа што секогаш се подразбираше дека мајката е покрај тебе и дека добро те познава“, признала пејачката.

Северина неодамна повторно се нашла во центар на медиумско внимание, откако судот во Хрватска ја донесе одлуката дека ѝ се одзема старателството над синот, а потоа следел пресврт.

Во текот на тешкиот период, после првобитната одлука за одземање на старателството, Северина добила огромна поддршка од колегите и пријателите од цел регион, а видеата од нeјзините настапи во тој период никој не оставиле рамнодушен.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk