Овој човек тврди дека ќе доживее 110 години со двојно помладо тело отколку што е, и тоа поради овие нешта: Се колне во нив

Супермен

07/05/2024

16:56

16.962

Големина на фонт

а а а

Пензионираниот инженер Дејв Паско има 61 година, но не изгледа така. Неговото тело изгледа како да е двојно помладо! Најновиот крал на долговечноста тврди дека го променил својот биолошки часовник следејќи внимателно одбран здрав режим.

Паско на својата интернет страница споделува детали за својот напредок, па така го открил и планот за младоликост и долговечност, благодарение на кој изгледа многу помладо од своите врсници.

Не јаде шеќер

Дејв зема додатоци во исхраната и избегнува сè што може да го забрза процесот на стареење, како шеќер или стрес. „Не сакам здравјето да ми биде уништено пред животниот век. Очекувам да живеам барем 95 години во одлична форма, ако не и над 110, ако даде Господ. Само би сакал да знаев и применував сè што знам сега децении порано“, вели Дејв.


Како да се победат годините?

Тој придава големо значење на спиењето, па советува никогаш да не поставувате аларм за будење за да избегнете дополнителен стрес. После тоа, тој започнува опсежна утринска рутина која се состои од многу истегнување (во кревет и на под) со пет минути скокање на мини-трамболина за да ја забрза циркулацијата. Потоа оди на прошетка, по што прави тренинг за сила со тегови. По утринското вежбање, Дејв оди во сауна да се опушти и да направи 45-минутна медитација.

Тој пие шејк кој му дава енергија за вежбање и појадува зелена банана и чинија бобинки. Паско ја донира својата плазма четири пати годишно за да ја прочисти крвта.

Киви за кожа без брчки

„Иако е одлично да се има добра структура и дисциплина, некои од најдобрите работи во животот се случуваат спонтано“, истакнува овој младолик 61-годишен маж.


Тој руча само неколку пати неделно, а наместо тоа практикува рана вечера, помеѓу 15 и 17 часот, која обично се состои од некој вид органско месо, разновиден зеленчук и ферментирани додатоци како кисела зелка.

Избегнува јаглехидрати и не брои калории. Додека гледа телевизија или користи таблет, носи очила за заштита од сина светлина, прави вежби за флексибилност, јаде две киви. Дејв верува дека ова овошје ја штити кожата и го забавува процесот на стареење.

Пред спиење, нанесува серум за кожа по целото тело за да спречи појава на брчки и пие две дози колаген и пептиди. Денот го завршува со молитва и потсетување на сите работи за кои е благодарен.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk