Машки бренд продава фармерки со „дамки од урина“: Нивната цена е 750 евра и веќе се распродадени

Супермен

02/05/2024

17:18

6.787

Големина на фонт

а а а

Британско-италијанскиот бренд за машка облека „JordanLuca“ лансираше колекција фармерки наречена „Stain Stonewash“ кои имаат темни дамки во пределот на меѓуножјето.

Контроверзниот модел стана мета на потсмев и критики на социјалните мрежи не само поради дизајнот, туку и поради астрономската цена.

Фармерките дебитираа на Модната недела во Милано, а брзо станаа вирален хит на интернет бидејќи многумина ги опишуваат како „фармерки со дамки од урина“.

Имено, потемниот дел од фармерките многумина ги потсетил на дамка која може да се случи само ако некој не стигнал на време до тоалетот... Ваквиот модел веднаш стана популарен и веќе е распродаден на страниците на брендот.


А цената? 750 евра по дебитирањето во Милано, а сега се наоѓаат по цена и од 567 евра. Фармерките доаѓаат во две бои.

На шега, корисниците на Твитер пишуваат дека нема потреба да трошат пари на нив бидејќи „сите можат сами да ги направат“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk