Јапонија ѝ порача на Светската трговска организација дека кинеската забрана за јапонска морска храна по ослободувањето на прочистена радиоактивна вода од нуклеарната централа Фукушима е „целосно неприфатлива“, соопшти вчера јапонското Министерство за надворешни работи.
05/09/2023 09:25
Руската влада го започна процесот на еднострано повлекување од неколку меѓународни организации, вклучително и од Светската трговска организација (СТО) и Светската здравствена организација (СЗО), изјави заменик-претседателот на Долниот дом на Федералното собрание, Пјотр Толстој.
19/05/2022 07:25
Европа и САД треба да ги зајакнат трансатлантските врски со трговски договор за укинување на царините и реформата на Светската трговска организација (СТО) со цел да се зголеми притисокот врз Кина да игра според меѓународните правила, изјави германскиот трансатлантски координатор Питер Бејер.
15/02/2021 17:10
Констатиран е огромен економски напредок на крајот на 2018 година, позитивниот извештај покажува дека владините политики даваат резултати, оценија премиерот Зоран Заев и министерот за економија, Крешник Бектеши, кои денеска одржаа прес-конференција на која презентираа дел од заклучоците на најновиот извештај на Светската трговска организација (СТО).
29/07/2019 17:37
Министерот за економија Крешник Бектеши од денеска до среда ја предводи делегацијата од Република Северна Македонија на Втората ревизија на трговската политика во седиштето на Светската трговска организација (СТО) во Женева во која нашата земја е членка од 2003 година.
15/07/2019 09:45
Светската трговска организација (СТО) ја намали прогнозата за растот на економијата во светот, наведувајќи го зголемувањето на трговските тензии меѓу големите економии и зголемувањето на неизвесноста.
28/09/2018 13:29
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска на „Глобалниот форум за храна и земјоделство“, во Берлин, заедно со присутните 70 министри за земјоделство, ги усвоија заклучоците од заедничиот извештај -„Коминике 2018“ за „Обликувањето на иднината на сточарството – одржливост, одговорност и ефикасност“.
20/01/2018 14:07