Бејер: Европа и САД треба да ги зајакнат трансатлантските врски

Макфакс

15/02/2021

17:10

493

Големина на фонт

а а а

Европа и САД треба да ги зајакнат трансатлантските врски со трговски договор за укинување на царините и реформата на Светската трговска организација (СТО) со цел да се зголеми притисокот врз Кина да игра според меѓународните правила, изјави германскиот трансатлантски координатор Питер Бејер.

„По тешките години под (поранешен претседател на САД) Доналд Трамп, Германија и Европа сега имаат историска шанса да внесат нов живот во трансатлантското партнерство и да ги подобрат односите со САД“, изјави Бејер за Ројтерс.