Три едноставни правила: Како да го продолжите животот на Вашиот смартфон?

Точка

05/08/2017

13:25

3.081

Големина на фонт

а а а

Со овие три едноставни правила, Вашите преносни уреди ќе траат подолго.

Вашиот уред нема да претрпи штета доколку остане приклучен на полнач

Многу корисници тврдат дека полнењето на батериите до полн капацитет е штетно, што е вистина доколку имате батерии кои се стари повеќе од шест години. Вашиот уред, односно неговата батерија функционира на принцип на број на полнења, што значи дека без страв можете да го оставите вклучен на полнач во текот на ноќта.


Избегнувајте прегревање

Кога станува збор за опасностите поврзани со преносните уреди, не постои поголема опасност од прегревањето (му конкурираат единствено гравитацијата и водата). Држете го својот телефон подалеку од сонце и извори на топлина. Зголемената температура го забрзува празнењето на батеријата и во поединечни случаи може да доведе до оштетување на самиот уред.

Користете заштитна футрола

Ова правило е еден од темелните принципи на зачувување на Вашиот драгоцен уред. Размислете: доколку за смартфон или таблет сте дале над 300, 400 евра или повеќе, зарем навистина сте толку штедливи да не потрошите уште неколку евра за заштита? Сетете се на овој совет секој пат кога Вашиот телефон “радосно” ќе отскокне од керамичките плочки или ќе Ви падне од џебот за време на возењето со велосипед.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk