Со оваа тактика го нападнале Наполеон, а сега ќе удрат на Ким: Еве како американски офицер планира да се пресмета со Северна Кореја

Точка

22/11/2017

11:06

4.272

Големина на фонт

а а а

Грегори Кили, пензиониран офицер од американската морнарица предложи дека една мултинационална блокада може да го натера севернокорејскиот лидер да ги намали нуклеарните амбиции на земјата.

Според неговите зборови, кризата на Корејскиот полуостров би можела да се спречи доколку САД и другите нации ја воведат една од најефикасните блокади во историјата. Тој ја добил таа идеја потсетувајќи се на блокадата на Кралската морнарица која што била ефикасна за време на војните против Наполеон.

„Ако Ким се плаши за својот живот и мисли дека неговиот начин на живот е загрозен, би можел да биде приморан да отстапи од идејата за развој на нуклеарно оружје“, смета поранешниот офицер на американската морнарица.

Поморската блокада во Јапонското и Жолтото море би спречила во Северна Кореја да пристигнат суштински намирници и опрема, вклучувајќи и рафинирана нафта и резервни делови за воена опрема.

„Поморската блокада служи за намалување на приходите и од извозот на јаглен и челик со кои се финансира режимот од Пјонгјанг. Една од најефикасните блокади во историјата е блокадата на кралската морнарица за време на војните со Наполеон“, изјави Кили.

„Британија можеше да ги одржи своите линии за снабдување отворени, а истовремено ефикасно го прекина клучното снабдување за војската на Наполеон, па на крајот победи во војната“, изјави тој.

Пензионираниот офицер порача дека поморските сили на Јапонија и Австралија би можеле да ја поддржат иницијативата, а Јужна Кореја, Сингапур, Индија, Тајван и НАТО би можеле да помогнат во дополнителна изолација на Пјонгјанг.

Во понеделникот американскиот претседател Доналд Трамп ја означи Северна Кореја како држава која што го спонзорира тероризмот и најави воведување на нови санкции против режимот на Ким Јонг Ун. Сепак, Кили тврди дека една блокада би била многу поефикасна.

„Како и санкциите, блокадите се замислени полека да ги кршат тврдоглавите режими. Но, за разлика од санкциите, блокадата нуди можност за следење, пресретнување и спроведување на ограничувањето на тоа што може да влезе и излезе од некоја држава, истовремено пружувајќи моќен психолошки и дипломатски инструмент“.