[ВИДЕО] Искусен пилот со теорија за кобната несреќа на "Air India" во која загинаа 270 луѓе

Точка

16/06/2025

21:02

2.586

Големина на фонт

а а а

Искусниот комерцијален пилот Стив Шрајбер смета дека можеби открил „целосен пресврт“ во истрагата за тоа што довело до падот на авионот "Boeing 787" на "Air India", откако анализирал ново видео од трагедијата.

Шрајбер, познат како „Captain Steeeve“ на "YouTube", направи анализа на појасно видео со аудиоснимка од моментите пред несреќата во која загинаа 241 патник и најмалку 29 лица на земја.

Според него, најверојатна причина за падот е двојно откажување на моторите, откако забележал активирање на "Ram Air Turbine" (RAT) – уред што се користи само во крајни случаи, кој се појавува на снимката.


„Многу авиони го имаат "RAT"", објаснува Шрајбер. „Се наоѓа зад крилото, десно од фузелажот, скриен зад мала врата. Изгледа како мал пропелер.“

"RAT" служи за создавање електрична и хидраулична енергија кога сите други системи откажале. Според Шрајбер, "RAT" се активира само во три случаи: целосен електричен дефект, целосен хидрауличен дефект или двојно откажување на моторите.


На видеото, Шрајбер идентификува „мала сива точка“, што според него е вратата од "RAT" која се отвора пред тој да излезе. Звукот на видеото, исто така, ја потврдува оваа активација – "RAT" создава специфичен, висок фрекфентен звук, како пропелер-авион, бидејќи ротира со голема брзина за да обезбеди енергија.

„Ова уредче е дизајнирано како крајна опција, особено ако двата мотори откажат на голема височина. Но, не и на 400 – 500 стапки над земја“, вели Шрајбер.


Тој смета дека "Boeing 787" на "Air India" доживеал двојно откажување на моторите веднаш по полетувањето.

„Тоа е најлогично објаснување. Можно е и електричен или хидрауличен дефект, но според начинот на кој авионот ’паѓа‘ од небото, изгледа како двојно откажување на моторите.“


Дополнително, Шрајбер се повикува и на сведоштвото на единствениот преживеан – Вишваш Кумар Рамеш (40), кој седел на седиште 11 A. Неговиот брат, Аџајкумар Рамеш (35), седел на другата страна од редот и загинал.

Вишваш изјавил дека по полетувањето авионот привремено застанал во воздух, се запалиле зелени и бели светла, а потоа авионот почнал да се спушта и набргу се урнал во зграда.

„Авионот не добиваше висина, само лебдеше, па одеднаш се урна и експлодираше“, сведочи тој.


Шрајбер објаснува дека сведочењето потврдува неговата теорија:

„Тој вели дека слушнал гласна експлозија и светлата трепкале – токму тоа би се случило при активација на "RAT", кога тој го презема електричниот и хидрауличниот систем. Исто така, слушнавме дека пилотот испратил повик за помош и кажал дека губат потисок – уште еден доказ за двојно откажување на моторите.“

Иако медиумот "Aviation Herald" претходно ја исклучи оваа можност, Шрајбер верува дека можеле да згрешат. Сепак, тој додава дека ја остава вратата отворена за сите можни сценарија, сè додека не се добијат официјални податоци.

„Уште не ми е јасно како двата мотори на еден 787 би можеле да откажат истовремено“, заклучува искусниот пилот.