Ријана тагува по својот братучед: "Вооруженото насилство мора да престане"

Точка

27/12/2017

21:00

4.645

Големина на фонт

а а а

Во семејството на славната пејачка Ријана денес се случи трагична несреќа. Всушност, братучедот на Ријана го загуби својот живот, откако непознато лице пукало во него. Пејачката сподели на социјалните мрежи проштално писмо за нејзиниот најблизок братучед.

Тавон Кајсин е братучед на светски познатата Ријана, која слободното време го поминувала со него. Откако го прославиле Божиќ заедно во Барбадос, се случила голема несреќа која го потресе целото семејство. 

Имено, ден после празникот Тавон се шетал по улицата и потоа му пришол наоружан маж и пукал во него, пишува Индепендент и додава дека докторите веднаш ја констатирале смртта.

"It's nice to wake up" Be grateful for life man. #RIPTavon @merka_95

A post shared by badgalriri (@badgalriri) on

Неговата смрт ја шокираше Ријана, која скршена од тага ја сподели веста со светот за тажните вести, но и воедно напомена дека вооруженото насилство мора да престане, бидејќи сè повеќе млади животи згаснуваат.

"Почивај во мир, не можам да поверувам дека вчера беше во моите прегратки. Не мислев дека тоа ќе биде последниот пат кога ќе ја почувствувам топлината на твоето тело. Ќе те сакам засекогаш".